Почетна  I    Мапа на страната  I    Контакт
 
 

   
 
16 Ноември 2010
Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија на 19 ноември 2010 да земат учество во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ и со засадување на што повеќе садници да придонесат кон унапредување на животната средина ...
 
 
 
сон за пошумен балкан и пошумена планета

Акцијата веќе нема граници... Оти воздухот не е само наш, и сенките и зелените пошумени еко-оази не се само наши, тие се на сите.
И затоа наесен планираме сите заедно да засадиме десет милиони садници на целиот Балкан ...
 
 
 
ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА
Шумите и дрвјата се дом и/или храна на многу други растителни и животински видови, неопходни за одржување на биолошката равнотежа во природата, најефикасен и најпогоден пречистувач на воздухот и водата и сл.
Во продолжение се наведени дел од утврдените факти од институции и поединци од Соединетите Американски држави.

-„Еден хектар од одрасната шума обсорбира околу 15 тона/година СО2 и ослободува околу10 тона/година, кислород што е доволно за годишните потреби на 45 лица“.
U.S. Department of Agriculture

-„Соодветно засадените дрвја околу куќата, можат да заштедат околу 30% од енергијата потребна за разладување на просториите, како и заштеда на 20 – 50% од потребната енергија за затоплување на домот“.
USDA Forest Service

-„Со засадувањето на дрвја се подобрува квалитетот на водата, намалувањето на ерозијата. Тоа овозможува и помалите извори да не пресушуваат и во летните периоди. Шумските површини ги намалуваат можностите, седименте и другите хемиски субстанци во почвата да не се однесат преку истечните води“.
USDA Forest Service

-„Лабораториските истражувања покажале дека набљудувањето на дрвја или шума, ја подобрува стресната состојба за околу 5 минути. Истовремено се променува и крвниот притисок, како и затегнатоста на мускулите“.
Dr. Roger S. Ulrich Texas A&M University

-„Ако денеска засадиш дрво во дворот, по 5 години сметката за струја ќе се намали за 3%, а во 15-тата година за околу 12%“.
Dr. E. Greg McPherson, Center for Urban Forest Research

Изреки за шумите од календарот на милијарда садници во 2007 од UNEP:
  • Засади дрво како заветување за идните генерации.
  • Ако мислиш за една година напред, посеј жито. Ако мислиш десетици години на напред засади дрво, Chinese poet, 500 BC
  • Дрвјата се поеми кои што Земјата ги пишува на Небото. Ние ги чувствуваме долу и ги претворуваме во хартија, на која ги испишуваме нашите празнини, Kahlil Gibran
 
 
Изработка - 2009. Сите права се задржани. Изработка и Хостирање - UnetInteractive